Чекор до сите светски саеми

Магијата на саемскиот штанд

Во бизнисот е добро познато значењето на саемските контакти, кои по правило генерираат нови и нови продажби. Успешните се успешни, затоа што знаат како да им се претстават и наметнат на потенцијалните клиенти. На порталот saemi.mk, едитиран и уредуван од Club Economy ќе најдете информации за повеќе од 3000 саеми, односно за сите позначајни саемски манифестации во светот. Посетата на saemi.mk е вашиот прв и најевтин чекор што може да го направите во таа насока.

Она што во секојдневните активности се остварува со бавен ритам, на саемите добива неколку пати поголема брзина. Експертите по маркетинг барем во едно се согласни - при маркетиншкото претставување ништо не може толку многу да помогне, како што може саемскиот штанд. Ништо не може целосно да ја замени човековата склоност кон личните контакти, па саемите и натаму остануваат најделотворното место за комуникација на фирмите со своите потрошувачи, место што генерира нови и нови идеи, место каде јасно ќе ја согледате сопствената позиција во однос на конкуренцијата, односно место на вистината, за компаниите и за купувачите. 

Имајќи го предвид ова волшебство на саемскиот штанд, како и следејќи го големиот интерес што веќе дваесет години континуирано го предизвикуваше едицијата САЕМСКИ АЛМАНАХ, редакцијата на Club Economy одлучи оваа печатена едиција да ја преточи во специјализиран веб портал saemi.mk, кој дневно ќе се ажурира и на македонската бизнис публика ќе и понуди море информации за сите позначајни саемски манифестации во светот.

Saemi.mk е во тесна врска со бизнис порталот www.clubeconomy.com.mk и за сите членовите на Club Economy, редакцијата на saemi.mk обезбедува и дополнителни информации, како и информации за саеми што се одржуваат во светот, а не се опфатени на порталот. 

При конципирањето на saemi.mk појдовме од идеата – буквално за секоја саемска манифестација да дадеме што е можно повеќе информации и тоа поединечно, опфаќајќи ги не само термините и локациите на нивното одржување, туку и генералиите на организаторите и телефоните, вебовите и меиловите на проектните тимови. Ова се значајни контакти преку кои може да остварите контакт дури и со излагачите. Исто така, речиси сите организатори издаваат посебни каталози за учесниците, посетителите и за се што се случувало и било презентирано на соодветниот саем, кои најчесто се изработуваат во таков обем, што буквално создаваат чувство како да сте биле присутни на манифестацијата. saemi.mk е интересен за компаниите, особено во овој дел, давајќи им можност да дојдат до информации за одредени производители на машини, репроматеријали, опрема, за инвеститори, потенцијални партнери... Да видат во кои насоки размислува и се движи конкуренцијата и што е можеби најважно, да се промовираат надвор од границите на Македонија.